Витали Кличко примен во болница во Австрија

Легендарниот светски шампион во тешка категорија и градоначалник на Киев, Витали Кличко, e примен во болница,  односно во клиниката во австрискиот град Св. Јохан во Тирол. Според информациите, повозрасниот  од браќата Кличко е хоспитализиран на 26. јануари по Светскиот економски форум во Давос, на кој Витали учествуваше.

„Витали Кличко помина прегледи и рехабилитација во Австрија. Причината е влошување на една стара повреда во грбот на боксерот. Немаше хируршка интервенција“, рече прес-секретарот на Кличко, Оксана Зиновиева.

Витали Кличко се здоби со повреда на грбот во 2007 година, кога се подготвуваше за враќање во боксот. Тој мораше да се бори со Американецот Џамил Меклејн во Минхен, Германија, но мечот беше откажан, а легендарниот Украинец беше подложен на операција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON