Украинската и светската боксерска легенда Витали Кличко изненадувачки му дал инструкции на Ентони Џошуа пред неговиот реванш со Александар Усик. Актуелниот градоначалник на Киев изјави дека Еј Џеј има шанса да ги врати светските титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО од својот сонародник, но тоа не е единственото.
Боксерскиот свет се уште чека потврда за втората борба меѓу Џошуа и Усик. Во таборите на двајцата се преговара за реваншот веќе неколку месеци, а во оваа фаза се уште е нејасно каде и кога ќе се одржи. Сега кога се знае дека Украинецот нема да боксира со шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, време е да се финализираат преговорите за нова борба со Еј Џеј.
Во оваа насока, поранешниот носител на појасот Витали Кличко ја коментираше ситуацијата околу актуелните шампиони. „Џошуа – Фјури ќе биде одличен меч. Во моментов сите се сомневаат дали има сила да го победи Тајсон. Може да ни даде одговор на реваншот со Усик. Ако Еј Џеј го победи Саша, тоа ќе предизвика голем интерес и ќе ја направи борбата со Фјури најголем боксерски настан во последните 10 години“, коментира Кличко.
Градоначалникот на Киев смета дека Џошуа може да се справи со неговиот сонародник.
„Ако промени некои работи во својата борба, секако дека има шанса. Сепак, со задоволство би го гледал против Фјури. Џошуа е класичен боксер, Тајсон е неконвенционален. И двајцата удираат добро и во секој момент можат да го решат исходот на мечот. Тоа ја прави оваа битка непредвидлива“, вели легендата.