Олег Татарков чека извинување по претепувањето во Мексико

Руската ММА ѕвезда Олег Тактаров го напушти Мексико и рече дека очекува извинување. Кон крајот на минатиот месец, Тактаров се пожали дека бил претепан во туристичката област Ривиера Маја. Олег бил удрен со палка во задниот дел од главата. Десет лица скокнале врз него, а еден од нив му ставил лисици на рацете.

Мачењето на Тактаров, кој на крајот беше спасен од полицијата, траеше повеќе од половина час.

На социјалните мрежи, легендата од Русија напиша:

„Се враќаме од Мексико. Се надевам дека Мексиканците ќе станат подобри, ќе се извинат и ќе станат подобри, или барем како порано“.

Тактаров има скор 17-5-2 во ММА и се повлече од ММА пред 14 години во серија од 5 последователни победи. Во 1995 година, тој го освои турнирот во тешка категорија на УФЦ по 3 победи во една вечер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО