Поранешниот светски шампион во тешка категорија Витали Кличко изјави дека очекува неговиот брат Владимир да го победи Ентони Џошуа во сабота вечер на Вембли.
Нешто повеќе, Витали се довери дека „никогаш не го видел својот брат толку фокусиран“ пред дуел.
„Никој не е совршен. Секој има свои силни страни и слабости“, изјави витали, продолжувајќи:
„Слабост на мојот брат е концентрацијата. Тој не беше 100 отсто фокусиран против Тајсон Фјури и поради тоа загуби“.
„Тој е свесен за тоа. Сега успеа да се подготви навистина добро за овој меч. Никогаш не сум го видел брат ми толку фокусиран за време на подготовките“.