Витакер можел да умре во октагонот

„Состојбата на Роберт Витакер беше критична и можеше да умре во октагонот ако излезеше да ја брани титулата на УФЦ во средна категорија“, рече претседателот на организацијата Дана Вајт. Австралиецот беше итно пренесен на болница пред борбта со предизвикувачот Келвин Гаштелум. Тој се здоби со хернија и веднаш е опериран.

„Лекарот рече дека никогаш не видел ваков случај кај еден пациент, а ова обично се случува кај старите луѓе“, коментира Дана Вајт и додаде:„Ако излезеше на таа средба, можеше да има смртоносен исход“.

Тренерот на Витакер Алекс Прату додаде дека и покрај тешката ситуација, борецот сакал да се бори. Дури побарал од лекарот ако може да ја одложи операцијата по мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=mfp7BOkr1Sk

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON