Боречкиот клуб Олимпија од Штип упати отворено писмо до македонската јавност и медиумите насловено како „Вистината на Боречкиот клуб Олимпија Штип“.
Во целост ви го пренесеуваме писомото:
„Веќе е четврта година како Боречкиот клуб Олимпија-Штип е надвор од натпреварувачката арена на Боречката федерација на Македонија или кратенка БФРСМ. Па затоа, нашите спортисти како што е Андреа Нисева настапува за други земји, додека нашата држава, собира спортисти од руските земји без никакво образложение пред федерацијата и македонската јавност, за какви спортисти станува збор.
Или, уште еден доказ, дека станува збор за личен интерес и едно бледо претставување дека сме способна боречка федерација со самовластие, славољубие и сластољубие. Сета оваа еуфорија на Боречката федерација е завист од превласт, а таа превласт и дава на челните луѓе во борењето една нереална состојба на среќа дека се успешни во водењето на федерацијата и илузија дека се успешни спортски работници во македонското опшеството.
Боречката федерација на Македонија со овие нејзини предрасуди, врши дискриминација кон БК Олимпија, поточно кон нашите борачи кои се на возраст од 9 до 18-годишна возраст. Најжалосно е тоа што се известени сите државни институции: Агенцијата за млади и спорт, Боречката федерација и сите невладени организации во државата, но од никаде нигде и ништо, а реалноста е дека околу 50 деца се обесправени од опшеството на државата, без никакво образложение од Боречката федерација на Македонија. Иако ги имаме платено сите казни по барање на федерацијата и нивното лажно ветување дека после подмирувањето на истите, ќе настапуваме на домашните првенства, сега бараат да поднесеме документација до федерацијата за нашите 50 деца-спортисти, да настапуваат под самата боречка федерација, што во никој случај е неприфатливо. Овие челници на федерацијата, односно претседателот на истата, всушност стравува за пропаст на неговиот матичен клуб БК Балканец Штип од каде и ја црпи моќта во борачката федерацијата како претседател, па оттука доаѓа фактот за обесправувањето на БК Олимпија и неговите амбиции и крајна цел за уништување на овој млад клуб. БК Олимпија е вториот клуб во Штип каде што целиот град Штип не препознава и се восхитува на многубројните освоени медали од меѓународни турнири, Балкански првенства и настапите на младите спортисти за други клубови низ Македонија и надвор од Македонија. Огромниот притисок на претседателот на федерацијата, да го уништи БК Олимпија или да биде секција на БК Балканец доаѓа како резултат на нивната неспособност да го одржат клубот во спортски дух веќе подолго време и ја имаат изгубено комплетно како сениорската, така и младинската школа, каде и во кадетската и пионерската конкуренција не се воопшто на завидно ниво. Едноставно, поради неукоста за водење на клуб со 60 годишна историја и традиција во спортот, произлегува гневот кон овие млади и надежни 50 деца од БК Олимпија. Со оваа злоупотреба на нивната функција во македонскиот спорт и искористувањето на нивните позиции, не води никаде, освен кон валкање на една голема македонска спортска традицијата, по која нашата држава беше препознавана низ годините во минатото. Овие несовесни личности, поради нивната алчност не дозволуваат да има уште еден боречки клуб кој ќе придонесе, за поголем квалитет во македонското борење. Од истите, не се дозволува влез на БК Олимпија во Борачката федерација и одобрение на дејност спорт, бидејќи со тоа ќе паднат маските на луѓето во БК Балканец и претседателот на борачката федерација каде како фасадер се убедува македонската јавност дека борењето е како некогаш со спортисти од македонските клубови и не се открива вистината која се крие успешно долги години, дека составот на македонската репрезентација е 80% натурализирани спортисти со што до темел се уништува Македонското борење“.
(Овој став го изразува личното мислење на авторите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)