Високиот суд на Ирска го отфрли барањето на Лобов против Мек Грегор

Ирскиот Висок суд го отфрли барањето на Артeм Лобов против поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор, пишува Ириски тајмс.

Лобов побара Мек Грегор да ги отстрани неговите наводно клеветнички пораки упатени до него на социјалните мрежи.

Судијата Герет Сајмонс рече дека не може да го прифати зборот „стаорец“ што го користи Мек Грегор за да го нарече Лобов како „јасно клеветнички“. Затоа, оваа навреда не може да се смета за клевета. Судијата истакна дека зборот „стаорец“ е „вулгарна навреда“, но се бара „нешто повеќе“ во случајот за клевета.

Прашањето за правните трошоци ќе се расправа во јануари следната година. Ова беше втор случај на Лобов против Мек Грегор. Артем ја поднесе првата тужба за да добие процент од продажбата на Мек Грегор на брендот за виски Пропер Но.12.

Мек Грегор го продаде за 600 милиони долари, а Артем тврдеше дека е автор на идејата за брендот. Инсистира да добие 5% од продажбата, што е околу 30 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО