Договорен меч меѓу Марлон Вера и Кори Сандхаген

Алџамејн Стерлинг е шампион на УФЦ во бантам категорија, а Шон О’Мели е предизвикувач број еден.

Но, има многу кандидати кои сакаат да добијат шанса да се борат за тронот на најголемата светска ММА организација, а меѓу нив се Марлон Вера и Кори Сандхаген.

Деновиве од УФЦ стигна информација дека договориле меѓусебна пресметка. Натпреварот помеѓу Вера (20-7-1) и Сандхаген (15-4-0) е закажан за водечки на УФЦ Фајт најт 219 на 18 февруари.

Тие се од самиот врв на бантам дивизијата, Чито е четврти, а Кори петти по редоследот на предизвикувачи.

Еден од најупатените ММА новинари, Ариел Хелвани, е згрозен од фактот дека борбата меѓу Вера и Сандхаген би можела да се одржи во салата Апекс во Лас Вегас, која не е наменета за повеќе од илјада гледачи.

„Не можам да верувам дека мечот меѓу Чит и Сандхаген ќе се одигра на Апекс. Нема шанси. Тоа ме навредува мене, и треба да ве навреди вас (како и двајцата борци). Не може да биде вистина“, напиша Ариел Хелвани со друг коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО