Конор Мек Грегор е најбогатиот спортист во изминатата година откако заработи 180 милиони долари од натпревари, реклами и продажба на неговиот бренд виски.
Поранешниот ММА шампион ги надмина светските ѕвезди како Рожер Федерер, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс со неверојатни неспортски приходи од 158 милиони долари, пред се благодарение на продажбата на неговиот удел во вискито Porper No. 12.
Тој го надмина вториот во рангирањето Федерер за близу 70 милиони долари, иако во спортот неговата плата е многу помала од онаа на Џејмс, Роналдо или кошаркарската ѕвезда Кевин Дуран.
Мек Грегор, исто така, има договор за рекламирање со онлајн обложувалницата Дрфат кингс, но најмногу додаде на своето богатство откако го продаде мнозинскиот удел во вискито Proximo Spirits.
Проксимо, кој ги поседува Bushmills и текилата Хозе Куерво, веќе имаше удел во Proper No. 12, но ја презеде целосната контрола врз компанијата откако Мек Грегор ги продаде своите акции.
И покрај огромниот финансиски успех, Мек Грегор не потпишал со ниту еден од најголемите спонзори во спортот, како што се познатите брендови Најк и Адидас.