Кунг фу мајсторот Мирко Тодоровски објаснува неколку тест ситуации на самоодбрана, односно тестирање под притисок, што подразбира одбрана во релана ситуација.
„Конец е тест – еден чекор пред реалната ситуација, самоодбрана. Откако ќе се утврди знаењето на вежбачот и познавањето на техниките се изложува на т. н. тестирање под притисок. Заштитен е со минимална опрема така што напаѓачот слободно може да напаѓа по свој избор“, објаснува Тодоровски.
Во видеото е претставена самоодбрана од палка, посочува Мирко и вели дека може да бдат нападите и од други вообичаени оружја.
Во видеото се прикажува и една од примените на бил јее или змиски прсти, карактеристичен винг чун начин.
„Со ова се гледа и препознава јасната граница помеѓу спортот и самоодбраната, затоа што многумина ги помешаа или изгубија во изминативе децении“, нагласува Тодоровски.