Во Скопје се одржа натпревар винг чун дисциплини, кој беа од демонстративен карактер, во организација на мајсторот за винг чун кунг фу, сифу Мирослав Тодоровски –Мирко.
На натпреварот имаше 10 натпреварувачи, 4 деца демонстратори, и 4 набљудувачи и учесници на семинарот од Лондон, кои најавија учество за наредниот пат.
Покрај ова имаше и тројца гости од таи чи цуанери од Јин-jанг таи чи федерацијата. Учество зедоа три клуба и еден набљудувач од Винг чун кунг фу федерацијата на Македонија. Околу стотина гледачи и случајни минувачи.
„Се се одвиваше по редослед: еднорачно Chi Sao; дворачно (вкрстено) Chi Sao; змаев стап (Chi Kwoon) и демонстраци кои се оценуваа“, вели Мирослав Тодоровски.
За се она што се случуваше на овој настан може да видите во следното видео: