Викторија Варадинова: Ќе се свири химната на Македонија на Европското во Скопје!

Младата кикбоксерка од Штип Викторија Вардинова која од оваа сезона настапува за КБК Шампион од Скопје бележи сериозни успеси и голема надеж на македонската кик бокс репрезентација за Европското првенство за кадети и јуниори во септември во Скопје.

На „Балкан опен 2017“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, се закити со два медала – златен (К-1, без противник) и сребрен во кик лајт, откако во финалето беше поразена од домашната кикбоксерка тара Бохаку. Во Сараево на Меѓународниот турнир  „Гранд при Босна и Херцеговина“ во силна конкуренција освои два медали и пехар за најдобар борец во кик лајт. 

„Се натпреварував во кик лајт до 65 кг и освоив злато, а во дисциплината во ринг се настпував до 65кг и имав тешка конкуренција и освоив сребро“, објаснува Вардинова.

Навистина годинава за кратко време нанижа успеси во кикбоксот и боксот, бидејќи тренира во БК Пинк Пантер. На Државното кадетско првенство во Скопје и во кик лајт и лоу кик до 65 кг ги освои златните медали.

„Пред се голема благодарност до БК Пинк Пантер, каде што ме прифатија како да сум долгогодишен член. Ме форсираат, работат со мене како и со сите останати членови, без разлика што сум само јас женско. Ми помагаат да се подготвен. Голема благодарност до тренерот Ристе Грбев и Илија Младеновски што ми беа поддршка за се“, истакнува Варадинова. Таа упатува благодарност и до тренерите во Скопје, кои, исто така, ја помогнале за се.

На Европското првенство во Скопје во септември најверојатно ќе настапи во јуниорска конкуранција во кик лајт до 60 килограми.

„За ЕП во Скопје многу ќе се подготвувам и ќе дадам се од себе за да ја претставам Македонија во добро светло. Очекувам да се свири химната на Македонија. Моја цел е да освојам златен медал, но никогаш не се знае…се е можно, таков ни е спортот“, категорична е Варадинова.

Таа вели дека паралелно ќе тренира и бокс, зашто тоа и многу помагало за рачната техника, а што е многу важно за кикбоксот.

За стео ова треба и поддрша, особено кога во прашање е млада девојка која настапува во спорт каде што повредите секогаш ве демнат.

„Најголема поддршка имам од моите родители. И од една посебна личност во мојот живот…“, истакнува Варадинова.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON