Викторија Спасовска е избрана за селектор на женската таеквондо репрезентација на Македонија. Спасовска е долгогодишна репрезентативец на Македонија, а најголемиот успех и е златен медал на Балканското првенство за јуниори. Таа има освоено и многу други медали на разни меѓународни и домашни турнири.
Инаку таа е основач и тренер на Таеквондо клубот Илинден.
Спасовска при изборот истакнала дека максимално ќе се посвети на женскотот таеквондо во Македонија, затоа што смета дека има огромен потенцијал за големи достигнувања.
Ipon.mk/В. Д.