Викендов ќе се одржи 3. Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ

Од втори до четврти јуни во Куманово ќе се одржи третиот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во спортската сала на СОУ „Перо Наков”.

На турнирот ќе учествуваат боксери од Словенија, Молдавија, Хрватска, Австрија, Германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.

„Новина во однос на предходните години е тоа што имаме учесници од повеќе европските клубови. Се надеваме дека љубителите на боксот и сите граѓани ќе не поддржат во идејата да организираме една квалитена спортска манифестација како што доликува на клубот и на турнирот. Ги повикуваме сите граѓани кои го сакаат боксот и спортот, да дојдат во што поголем број, бидејќи покрај тоа што ќе можат да проследат одлични мечеви, ќе се сретнат и со боксерските легенди“, вели Самет Салиевски, тренер на БК Куманово и координатор на турнирот.

Се очекува на турнирот да дојдат најдобрите боксери од просторите на поранешна Југославија, шампиони и олимпијци:Тадија Качар,  Миодраг Перуновиќ, Сретен Мирковиќ, Антон Јосиповиќ, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Мирко Пузовиќ, Лука Парлов, Драган Вујковиќ и Дејан Завец.

Турнирот го организира Боксерскиот клуб Куманово во соработка со Боксерската федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON