(ВИДЕО) Вајлдер: На 24 јули ќе покажам зoшто сè уште сум најлошиот човек

Дионтеј Вајлдер, поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, му се закани на Тајсон Фјури на официјалната прес-конференција, на која се откри дека третиот меч меѓу нив ќе се случи на 24 јули во арената Т-Мобиле во Лас Вегас, Невада.

„Ништо не е сменето. Тој сè уште е една личност, едно име, еден шампион – Дионтеј Вајлдер. Јас сум во најдобра форма во мојот живот. На 24 јули ќе им покажам на луѓето зошто сè уште сум најлошата личност на планетата“, рече Вајлдер.

„Кралот на Ромите“ и „Бронзениот бомбардер“ треба да стават крај на спорот и сомнежите за тоа кој е подобар, одржувајќи го третиот дуел во рингот. Битката се случи откако американскиот суд пресуди дека се оправдани тврдењата на Вајлдер, дека Фјури најпрво треба да му се реваншира пред да боксира со Ентони Џошуа (24-1) за останатите светски титули

Потсетуваме, Вајлдер ја загуби светската титула во вториот меч со Тајсон Фјури, кој се одржа на 22 февруари 2020 година. Првиот меч не даде победник и заврши нерешено.

Третата средба меѓу нив е закажана да се случи на 24 јули во Лас Вегас, Невада.

Дионтеј Вајлдер има скор од 42 победи, 1 нерешен резултат (во првиот меч со Тајсон Фјури) и 1 пораз (од Фјури – во втората борба за титулата на ВБЦ). Тој има 41 победа со нокаут.

Тајсон Фјури има биланс од 30 победи и само 1 нерешен резултат на професионалната боксерска сцена. Тој, како и Вајлдер, не влегол во рингот од вториот меѓусебен меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON