(ВИДЕО) Тајсон Фјури тежи пет килограми повеќе од предизвикувачот Дилиен Вајт

Актуелниот првак во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури ќе го брани тронот против неговиот сонародник Дилајн Вест. Дуелот ќе биде утре на култниот стадион „Вембли“ во Лондон.

Денеска беше и официјалното мерење на тежините на двајцата боксери. Фјури кој го има прекарот Кралот на Циганите е тежок 120,1 килограми, додека неговиот противник тежи 114,8 килограми.

Интересно е дека Фјури всушност е ослабнет пет килограми во однос на неговата последна борба кога победи против Деонте Вилдер. Од друга страна, Вајт е три килограми потежок од тоа што беше на неговата последна борба.

На соочувањето, двајцата боксери беа пријателски расположени.

Фјури во кариерата нема ниту еден пораз. Во 32 меча, шампионот има 31 победи и само едно реми. Вкупно 22 борби Фјури ги добил со нокаути.

Вајт има 28 победи од кои 19 му се со нокаут, но има и два порази во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON