(ВИДЕО) Гарсија се дигна од нокдаун за да го нокаутира Лук Кембел

Рајан Гарсија (21-0, 18 КО) е новиот носител на титулата во средна категорија на ВБЦ, откако го победи со нокаут во 7-та рунда Лук Кембел.

22-годишниот американски талент покажа неверојатна волја откако беше соборен на подот во втората рунда од моќната десница на Кембел.

Сепак, Гарија се исправи и успеа да го контролира мечот благодарение на левите крошеа и десниот директ. Брзината на неговите удари постојано го ставаше Британецот во непријатна ситуација.

Во 5-та рунда „Кингграј“ успеа да направи комбинација од лево кроше и десен аперкат, што го испрати Кембел на јажињата и само гонгот го спаси од последователниот напад на Американецот.

Во 7-та рунда Гарсија го заврши шоуто со моќно лев удар во телото на противникот. Лук клекна, по неговата одложена реакција, но не најде сили да застане на нозе, судијата изброја до 10 и му донесе победа на Американецот со нокаут.

Појасот му даде можност на Рајан Гарсија да го предизвика шампионот во лесна категорија на ВБЦ, Девин Ханеј (25-0, 15 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON