(ВИДЕО) Чисора по поразот влета во соблекувалната на Усик … со хамбургери

139

Дерек Чисора покажа дека не се лути по поразот на поени од Украинецот Александар Усик, откако по мечот влезе во соблекувалната на противникот со подарок – хамбургери!

Усик, поранешниот шампион во полутешка категорија, успеа да го победи Чисора на поени, покажувајќи дека е еден од најталентираните боксери на денешницата и предизвикувач за ВБО титулата на Ентони Џошуа.

Еден од тренерите на Усик дури го прегрнал Чисора за неговите постапки, а потоа двајцата боксери уживале во нивната вечера по борбата и дури му одзеле сувенир на Дејвид Хеј, кој е добар пријател на британскиот боксер.