Стручниот штаб на карате репрезентацијата, која на Европското првенство во Цирих, Швајцарија, за кадети, јуниори и јуниори до 21 година освои четири медали (1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени), на денешната прес-конференција изрази огрмно задоволство од постигнатиот успех. Или. Како што рече тренерот на репрезентацијата во борби за кадети и јуниори, Александар Кузмановски, ветено – строено, се слушна македонската химна и се креваше македонското знаме на јарболот и дека ова е еден од најголемите успеси на македонското карате..
-Не чека долга и напорна работа за Светското првенство во Џакарта, Индонезија,- рече Кузмановски и нагласи дека е задволен и од резултатите на Христина Ристиќ, која изгуби во борбата за медал и го освои петото место и Андртеј Ристевски, кој беше седми. Тој им ги честиташе освоените медали на каратистите.
Кузмановски им се заблагодари на клубовите за подготвеноста на репрезентативците и се надева на добар успех и на СП во Џакарта.
Од друга страна, директорот на Агенцијата за малди и спорт, Марјан Спасевски, нагласи дека постигнатиот успех е обврска за Агенцијата и понатаму да го помага најтрофејниот спорт во нашата земја, при што истакна дека Сара Радичевска ја доби стипендијата на АМС од меѓународен ранг.
-Задоволен сум од остварениот резултат, бидејќи со 21 година каратистите се натпреваруваат во сениорска конкуренција, а ние имавме еден бронзен медал и две петти места до 21 година, иако Николовски беше многу близу до медалот, како и Емануел Ристевски,- истакна тренерот на репрезентацијата за јуниори до 21 година Арлинд Хусеини.
Тој посочи дека и Симона Заборска беше во фаворитите за медал, но дека секогаш кај нејзе е битно првцото коло, ако гопомине има висок пласман. Таа немала среќа. Сепак, се надева на медали од СП, па и на најсјаниот.
Шампионот во кадетска конкуренција Вероника Костовска истакна оти е задоволна од постигнатиот резултат,каде што извојувала пет победи.
-Бев уверена во успехот, зашто добро се подготвив. Но, секако, големи се заслугите на мојот клупски тренер и на тренерот на репрезентацијата,- посочи Костовска, притоа вети уште многу медали.
Сара Радичевска потенцираше дека за влакно ја изгубила првата борба од претсавничката на Шпанија, но потоа се соземала и успеала да се врати во ритам за да го освои бронзениот медал.
-Многу се мачев за овој медал, кој ми е последен во јуниорска конкуренција до 21 година, зашто полнам 21 година,- вели Радичевска.
За Моника Пендаровска ова е втор медал, сега во јуниорска конкуренција, а претходниот бил во кадетска на ЕП во Турција.
-Успеав да се вратам во репасажот и да го освојам бронзениот медал,- констатираше Пендаровска.
Судиската одлука ми го зема златниот медал, вели Петар Заборски, кој истакна дека следната негова цел е освојување на сениорски медал.
Портапаролот на МКФ, Горан Милковски, посочи дека Цирих е среќна дистинација за македонските каратисти, затоа што и Наташа Илиевска стана европски шампион во сениорска конкуренција во истиот град.
ipon.mk/В.Д.