Вероника, Магдалена, Марија и Јована се дел од најдобриот карате камп за жени во светот (ФОТО)

Најдобрата карате сениорка во борби за 2020 на Македонија, Вероника Костовска и најдобрата младинка, Магдалена Божиноска со клупските другарки Јована и Марија се дел од најдобриот женски камп во целиот свет во градот Одеса, Украина, кај тренерот Денис Морозов. Кампот почна на 7 февруари и ќе трае се до 15 овој месец.

„Генерално сме задоволни од постигнатиот успех во 2020 година иако беше време на тешка пандемија со минимален број на натпревари. Вероника беше седма на Премиер лигата во Салзбург во категорија со 100 натпреварувачки, од 80 земји од целиот свет, а Магдалена го освои 7-то место на Европското превнство во Будимпешта од 52 земји. Ова е резултат кој ветува медали кај женските натпреварувачки во македонското карате“, велат тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Малденосвки.

Тренерите Кузмановски и Младеновски се задоволни од постигнатото и се очекува од овие девојки многу повеќе во иднина.

Карате клуб Олимпик 2007 Скопје учестува на камп кадешто се присутни 11 држави, како Украина, Азербејџан, Америка, Унгарија, Норвешка, Финска, Бугарија, Русија и др. Исто така, се присутни и класа натпреварувачки, први на ВКФ ранг листата со обезбедена норма за Олимпијадата и носители на европски и светски медали, Анжелика Терлига и Ирина Заретска. Сето ова е добра подготовка за Вероника, Магдалена, Марија и Јована, која е носител на европски сениорски медал во 2017 година. Во оваа 2021 година насочени сме кон остварување на нови светски и европски медали.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON