Вероника Костовска: Среќна сум што ја започнав годината со медал, а сон ми е да освојам европска титула!

Вероника Костовска (-61 кг) денес го освои бронзениот медал на Карате 1 Серија А во Атина, Грција, и ја израдува македонската спортска јавност

Ако годината се познава по почетокот, тогаш ова треба да биде успешна година за Костовска.

„Ова е почеток на годината и среќна сум што ја започнав со медал.

Поминав тежок период на подготовки психички, физички и тактички, на крај вродија со плод.

Ова е мој прв медал од Серија А и тоа за мене претставува уште поголемо задоволство. Имав 5 победи и 1 тесен пораз во полуфиналето од поен разлика. Борба до самиот крај“, вели Костовска и истакнува што очекува во оваа сезона:

„Во остатокот од сезоната очекувам уште поголеми резултати. И, би сакала да  конечно да го остварам својот сон и да освојам европска сениорска титула“.

Вероника изразува благодарност на сите кои ја поддржуваат и стојат зад нејзиниот успех, а најголема благодарност искажува со матичниот клуб Олимпик спорт и Карате федерацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON