Европскиот шампион Вероника Костовска стигна со убедливи победи до златниот медал на силниот Меѓународен карате турнир Гран при Кроација во Самобор – Хрвтска.
Костовска во категоријта до 59 килограми во јуниорска конкуренција во првото коло беше слободна, потоа нанижа пет победи, а во финалето ја совлада Лаура Фучик од КК Делта(ХР). Таа зад себе ги остави и Софија Барањи од Унгарија и Садеа Беќировиќ од Хрватска.
Гран при Кроација е изборен турнир за нашите репрезентативци за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори-21 во Софија-Бугарија, во февруари. Ова е добар вовед на шампионката Костовска за ЕП.
Во категоријата над 59 килограми Симона Симовска од Тигар 2003 и Емилија Јаниќ од Олимпик спорт ги освоија бронзените медали.
Засега е овој биланс на вториот натпреварувачки ден на нашите каратисти, а натпреварите се во тек.
Ipon.mk/В.Д.