Најдобрата млада спортистка во Македонија за 2015 година, Вероника Костовска, за Ipon.mk изјави:
„Оваа награда за мене претставува чест, задоволство и голема сатисфакција за трудот што го вложив оваа 2015 година. Секако наградата не доаѓа случајно, туку е резултат на долгогодишна макотрпна работа, не само моја, туку и на тимот околку мене. Тука, пред се, мислам на поддршката од моето семејство,поддршката од пријателите кои ме мотивираат кога ми е најпотребно, разбирањето од страна на професорите поради честите отсуства од училиште и, секако, макотрпната работа на тренерите од националниот тим , а најмногу работата на тренерите од мојот клуб Кеикс, Самир и Елвир Куртановиќ.
Ова претставува дополнителен мотив да продолжам понатаму да го давам мојот максимум, се со цел да ја претставам Македонија во најдобро светло“.
Да потсетиме дека на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, го освои златниот медал во борби за кадети на убедлив начин.
Ipon.mk/В.Д.