Карате клубот Кеикс од Скопје освои седум медали од кои по еден златен и сребрен и пет пронзени на Меѓународниот турнир „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево-Босна и Херцеговина.
Вероника Костовска го освои златниот медал, а Кеикс во екипна конкуренција во борби беше втор, додека бронзените медали ги освоија: Азра Цури,Таркан Саит, Дин Машовиќ, Убејд Дураковиќ и Бериз Куртановиќ.
На турнирот настапија околу 2.000 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
„Ова беше уште една програмска активност на КК Кеикс на која клубот учествуваше со натпреварувачи кои ќе настапат на Државниот изборен турнир за Светско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.
Можам да кажам дека ова беше еден голем турнир за помладите категории на кој учество зедоа над 2.000 натпреварувачи од три земји. Оправдана е целта на учеството на овој меѓународен натпревар на кој нашето учество беше една проверка за формата и грешките коишто треба да се поправат во периодот што следи. Воопшто не ми се битни медалите, имав за цел да ги проверам нашите слаби страни и недостатоци. Преостанува да работиме интезивно и плански, за да на Државниот изборен турнир го дадат својот максимум“, вели тренерот на Кеикс, Елвир Куртановиќ.
Ipon.mk/В.Д.