Рико Верховен рутински го одработи мечот против Антонио Силва.
Можеме да кажеме дека „Бигфут“ и покрај желбата и неколкуте налети, на шампионот на Глори во тешка категорија успеа да му овозможи само еден полесен тренинг.
Холанѓанецот од почетокот борба работеше лоуи хај кикови и така чекор по чекор го трошеше ММА ветеранот. Во средината на првата рунда борбата за кратко време беше прекината поради недзоволениот удар на Верховен во меѓуножјето на бразилскиот борец.
По кратка пауза Силва успеа да ја продолжи борбата и да ја преживее првата рунда. Но, веќе на почетокот на втората паѓа во нокдаун по совршениот висок удар на Верховен. Следи броење, но не и прекин, бидејќи Бигфут дава до знење дека е во состојба да ја продолжи борбата.
Сепак, крајот по еден таков удар беше неизбежен, а шампионот на Глори ја искористи ситуацијата и брзо ја заврши работата. Иако можеби изгледа дека судијата прерано го прекина мечот, впечаток е дека резултатот ќе останеше ист, вака Бигфут во своето деби во кикбоксот, најверојатно, е поштеден од дополнително тепање.
https://youtu.be/qOa09A4Kg48
.