Глори планира во јуни да го организира реваншот меѓу Рико Верховен и Бадр Хари.
Изгледите за тоа да се случи во тој месец секој ден се помали, но организацијата не се откажува од планираната борба.
Но, шампионот во тешка категорија не сака да потпише договор пред да се реши дпониг случајот на Бадра Хари, пишува Телеграфа.
Холандските медиуми во јануари објавија дека 34-годишниот Мароканец беше позитивен на забранета супстанцаа и случајот се уште е во тек. Покрај тоа, на почетокот на годината и на двајцата и истекоа договорите со Глори.
Во првата борба во декември 2016 година Верховен победи со прекин во втората рунда, откако Хари си ја повреди раката.
Оттогаш Мароканецот се бореше само еднаш. Во март оваа година во реваншот на поени го совлада Хесди Гергес. Од друга страна, 29-годишниот Холанѓанец оттогаш се бореше пет пати и забележа пет победи.