Судар на поранешните борци на УФЦ: Пол Дејли против Ерик Силва

Белатор договори борбата меѓу Пол Дејли (40-17-2) и Ерик Силва (20-10-1НЦ).

Дуелот на поранешните борци на УФЦ ќе се одржи на 22 јуни на Вембли арена во Лондон.

И Дејли и Силва моментално се во резултатска криза.

36-годишниот Британец загуби четири од последните шест натпревари, но успеа да го заврши Рори Мек Доналд и тоа со задушување. Во последната борба во февруари загуби со едногласна одлука од ривалот Мајкл Пејџ.

34-годишниот Бразилец дебитираше за Белатор на истиот настан на кој Дејли се бореше со МВП-то и изгуби со едногласна одлука на судиите од Јарослав Амосов. Поразен е во пет од последните седум битки.

https://www.youtube.com/watch?v=ruwP0q8bkio

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО