Долго oчекуваниот дуел меѓу Рико Верховен и Бадр Хари не заврши на начинот кој го поскауваа сите. Хари скрши десната рака уште во втората рунда и не можеше да ја продолжи борбата. Затоа за победник беше прогласен Верховен, првакот на Глори.
Средбата започна со кратко одложување откако навивачите на Мароканецот упаднаа во рингот, а малку потоа настана и тепачка. Двајцата над една минута се гледаа очи во очи, чекајќе обезбедувањето да го расчисти судирот околу бојното поле.
Хари и Верховен полека ја почнаа првата рунда, барајќи го темпото. Тие разменија неколку удари без опасност. Кон крајот на рундата Холанѓанецот имаше мала повреда на аркадата. Во втората рунда двајцата разменија повеќе удари, а Хари доби и еден удар под појасот, од кој брзо се созеде. Малку подоцна по комбинација и клинч Хари се откажа, покажувајќи ја десната рака, на која доби повреда која го спречи да ја продолжи битката. Така Верховен беше прогласен за победник.