Вергил Ортиз Јуниор стана привремен шампион на ВБЦ и сака меч против Теренс Крафорд

Непобедливиот Вергил Ортиз Јуниор на настанот во Лас Вегас со мнозинска одлука го победи украинскиот боксер Сергeј Бохачук.

Американската боксерска ѕвезда во неговиот најголем предизвик во кариерата го победи цврстиот Украинец и го освои привремениот светски шампионски појас во супервелтер категорија на ВБЦ.

Еден судија даде нерешен резултат (113-113), додека двајца судии му дадоа предност на Ортиз (114-112 x2) за неговата 22-ра победа во кариерата. Интересно е што Американецот сите мечеви до овој меч ги заврши со нокаут.

По борбата Турки Алалших, главниот задолжен за спорт и забава во Саудиска Арабија, објави дека Вергил Ортиз Јуниор наскоро би можел да се бори против еден од најдобрите боксери на денешницата, Теренс Крафорд.

„Наскоро имаме состанок и се надевам дека ќе му договориме меч на Ортиз против Крафорд, на кого ќе му дадам голема понуда“, изјави Турки Алалших.

Ортиз се согласува со таа идеја.

„Ајде да го направиме тоа, човеку. Подготвен сум за предизвикот“, изјави Вергил Ортиз Јуниор. и додаде:

„Бад е веројатно „паунд фор паунд“ број 1 борец во светот и сакам да покажам дека го имам она што е потребно за да го победам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON