Легендата на ММА, Федор Емилијаненко, се враќа во кафезот на 31 декември, откако потпиша договор за 2,5 милиони долари со поранешниот сопственик на Прајд во Јапонија.
Некои навивачи сепак се разочараа што нема да го видат Русинот во УФЦ.
Шампионот на американската организација Фабрицио Вердум е еден од разочараните, но, се разбира, конечната одлука е на Федор.
„Бев многу тажен кога Федор ја прекина кариерата. Но, сега тој се враќа и се радувам за него. УФЦ е подобро место за него, но во Јапонија можеш да добиеш повеќе пари. А оваа нова јапонска организација е многу силна . Пред извесно време седум пати се борев во Јапонија и сум многу задоволен од тие борби.
Сакав да направиме реванш меч. Затоа жалам што Федор не ја избра УФЦ. Ако повторно се борев со него, можеше мирно да се повлечам“.