Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, фабрцио Вердум, спаси 16-годишно момче од давење. Ова го изјави менаџерот на бразилскиот ветеран Али Абделазис.
Агентот дури објави и видео на Инстаграм, на кое се гледа како Вердум го вади младото момче од водата.
https://www.instagram.com/p/Bs7MAVcFnBC/?utm_source=ig_embed
„Мојот брат Фабрицио спаси 16-годишно момче кое се давеше, и како што реков претходно, Вердум е еден од најдобрите луѓе на планетата“, напиша Али Абделазис.
Во моментов, Вердум отслужува казната за допингување.
https://www.youtube.com/watch?v=qiuVlfgfC5s
.