Вердум сака одмор, а предлага како да се одбере наредниот предизвикувач

fabricio-werdum vaga

Шампионот во тешката категроија на УФЦ, Фабрицио Вердум, сака да се повлече за некое време, но има план.

„Претходно реков дека сум подготвен за реванш со Каин Веласкез. Но, сега мислам дека најдобро е четири лица да се борат за правото на шампионска борба – Дош Сантош, Миочиќ, Веласкез и Арловски. Четиримината нека се борат еден против друг. На пример, Миочиќ против Веласкез и дош Сантош против Арловски. Кој се снајде најдобро и направи најатрактивен меч, тој да се бори со мене“.

А што ќе прави шампионот додека четирите борци се борат?

„Ми треба малку одмор.Тоа не беше обичен квартален камп. Тоа беше многу подолга подготовка. Тренирав седум години за овој момент. Сакам да го обновам телото и психата. Сакам да се оддолжам на семејството, на титулата, но ќе се борам со секој, нема проблем“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON