Вердум против Дерек Луис

По поразот од Марк Хант и краткорочното размислување за пензионирање, Дерик Луис брзо ќе се врати на борилиштето.

Во јуни Американецот загуби со технички нокаут во четвртата рунда, а во октагонот се враќа на 7 октомври на УФЦ 216 во Лас Вегас.

Противник ќе му биде поранешниот шампион во тешка категорија Фабрицио Вердум. „Ваи Кавало“ изгуби на почетокот на јули со мнозинска одлука на судиите во третиот меч со Алистер Оверем.

Ќе настанот ќе се одржи и борбата за привремена титула во лесна категорија меѓу Тони Фергусон и Кевин Ли.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека Хабиб Нурмагомедов не бил во комбинација за привремената титула, бидејќи не бил подготвен. Неговиот татко и тренер Абдулманап одговори дека тие за борбата го посајкале 4 ноември и не му е јасно зошто промоцијата не можела да почека неколку недели.

Уште еденборец е во редот за напад на појасот, Едсон Барбоза. Бразилецот може да биде следниот противник на Хабиб.

Да додадеме дека Коди Гарбрант на УФЦ 217 во Њујорк на 4 ноември за прв пат ќе го брани појасот во бентам против поранешниот шампион ТЈ Дилашоу.

УФЦ 216:
Фабрицио Вердум – Дерик Луис
Тони Фергусон – Кевин Ли
Бенеил Даруиш – Еван Данхем
Вил Брукс – Ник Ленц
Талес Леитес – Бред Таварес
Џон Морага – Магомед Бибулатов
Мет Шентел – Марко Белтран
Волт Харис – Марк Годберг
Боби Грин – Ландо Ваната

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON