Вердум: Мајк Тајсон речиси ми го скрши носот кога ме удри на снимање на филм!

Во својата кариера Фабрицио Вердум добил многу удари од најдобрите во тешка категорија, вклучувајќи ги Андреј Арловски, Стипе Миочиќ и Жуниор дос Сантос.

Сепак, поинаку кога ќе те удри повеќе пати боксерскиот шампион Мајк Тајсон – дури и да било случајно.

„Неверојатно е. Мајк Тајсон ме удри по носот. Случајно, но за малку не ми го скрши. Едноставно не сме актери – добар е, забавен и пријатен човек, но удира навистина сериозно“.

Навистина, Вердум и Тајсон се појавуваат во филмот Кикбоксер:Одмазда, заедно со Жан Клод ван Дам. Ударот бил толку силен, што за малку не го соборил борецот – нешто што воопшто не му е туѓо на Железниот Мајк.

Сепак, Вердум вели дека немал проблем со ударот, бидејќи бил од самиот Тајсон – многумина би биле горди што се удирани од него.

„Речиси ме собори, но беше добар. Бев добро, бидејќи тоа го направи Мајк Тајсон, не некој друг. Можеби ако беше друг, немаше толку да бидам весел, но тоа е Мајк Тајосн, значи се е во ред“.

Кога беше прашан дали рефлективно му го контрирал ударот, Ваи Кавало вели дека никогаш не би го сторил тоа.

„Не, не, но размислував да го соборам на земјата“.

Мудра одлука.

Фабрицио се враќа во игра овој викенд, кога ќе се сретне со Александар Волков во главната борба на УФЦ Фајт најт 127 што ќе се одржи во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО