Вердум е суспендиран две години – најверојатно тоа е и крај на кариерата

Американската антидопинг агенција го казни Фабрицио Вердум за падот на допинг-тестот.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија е суспендиран две години.

41-годишниот Бразилец беше позитивен за тест на урина направен во април во очи на најавената а потоа откажана борба со Олексеј Олеиник.

Беше позитивен на тренболон, стероид кој се продава за ветеринарни и клинички цели. Тренболон е стероид за маса и цврстина на мускулите со минимално задржување на водата.

Суспензијата е ретроактивна и тече од 22 мај.

По објавувањето на веста дека паднал на допинг-тестот „Вај Кавало“ рече дека тоа е недоразбирање и дека со УСАДА ќе ја најде причината за позитивниот тест.

Вердум во последната борба во март загуби со нокаут од Александар Волков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON