Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов еднаш се бореа во рингот, но повеќе од десет пати имаа вербални дуели.
Последниот таков пристигна, откако Ирецот напиша „Се гледаме во Москва, пи*ко“, а борецот од Дагестан го нарече Мек Грегор – „сил*вач“.
„Такви како тебе не очекуваме тука. Кај нас многумина имаат желба да се борам со него, зашто тоа ќе им донесе пари, но прво морам да се борам со главните кандидати. Морам да кажам дека Тони Фергусон заслужи повеќе од него да се бори против мене“, порача Хабиб.
Мекгрегор, кој не се бореше по поразот од Нурмагомедов минатиот октомври, покажа желба да се врати во рингот.