Европскиот кик бокс првак од 2013 година, Елена Стојчевска, скокна во тавче, ама и во Лондон.
Стојчевска се омажи за Дарко Јочевски кој живее во Лондон, Англија, поради што кик бокс кариерата ќе ја продолжи во оваа земја.
Секако, на свадабата беше весело, а таткото Љупчо не смееше да суди, бидејќи емоционално бил врзан за ќерката и изливот на емоции и чувства бил голем, па се ќе биде во нејзина корист. Дарко не смееше многу да мрда, бидејќи имаше голема придружба од репрезентативци на Македонија, а и си ја доби кик бокс молитвата. Невестата на колешката од репрезентација, родената сестра, Кристина, и порача дека сега на нејзе е редот.
Се надеваме дека Елена и од Лондон ќе не израдува со успеси.
Ipon.mk/В. Д.