Велес е домаќин на четвртото коло на Првата и Младинската бокс лига кое ќе се одржи во сабота (28 октомври) во организација на БК Борец.
Борбите ќе се одржат во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 16 часот, а мерењето е од 9:30 до 10:30 часот во хотел-ресторанот „Монтенегро ривијера“ во Велес, на стариот пат за езерото Младост.