Фабрицио Вердум го шокираше светот (повторно), откако, буквално, го прегази поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез во Мексико Сити пред два месеца. Иако во цврстата борба Вердум го фрли на Веласкез, неочекувано, од УФЦ организираат нов дуел меѓу нив.
Главното изненадување доаѓа од букмејкерите, кој веќе го направија изборот, а тој е Каин. Во вториот меч, како што беше и во првиот, фаворитската улога му е дадена на Мексиканецот.
Коефициентите за Веласкез и Вердум е во сооднос -130 и +124.
Ова е уште една борба во која Вердум се смета за аутсајдер. Но не еднаш, тој веќе го шокираше светот на боречките спортови со победи кога никој не очекува.