Стефан Леко, Данио Илунга и Родни Глундер на К-1Royal!

stefanlekodanyolk1

Во Дортмунд за 10 октомври ќе се одржи првиот К-1 Кралски настан (Royal event) со дури 33 борби. 

Главните ѕвезди на шоуто ќе бидат Стефан Леко, Данио Илунга и Родни Глундер.

Леко (41 година) се враќа во рингот по речиси една година . „Блиц“ ќе се бори против Кристијан Брорхилкера во борбата до 95 килограми.

Хрватско-германскиот борец е во серија од седум последователни порази.

Во битката за титулата на К-1 Кралски шампион во категоријата над 95 килограми, поранешениот првак на Шоутајм, Конгоанецот Данио Илунга, во рингот ќе се сретне со Родни Глундер (40). Суринамецот пред две години најави повлекување, но во меќувреме се врати во рингот.

Џејмс Филипс ќе се бори против Бадри Траоре и Григор Ашугбабајан против Дерил Сичман.

Ќе има два турнири. На турнирот на четиримината во категоријата над 95 килограми настапуваат Николај Фалин, Андре Шмелинг, Јанош Нитлиспач и Фархад Агхили.

На турнирот до 70 килограми ќе се борат Карим Алоус, Алекс Фогел, Кристијан Милеа и Исам Чадид .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО