Тајсон Фјури ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ против Дерек Чисора на 3 декември во Лондон. Тоа ќе биде нивна трета пресметка, а во претходните два поуспешен беше Кралот на Ромите.
Фјури уште еднаш се покажа како голем магнет за фановите, бидејќи за само неколку дена беа продадени повеќе од 50.000 билети, објави Квинсбери промицијата, водена од Френк Ворен.
„Секој што сака да добие билет за овој спектакл во тешка категорија треба да го стори тоа што е можно поскоро, бидејќи може да исчезнат веќе овој викенд“, пренесуваат од Квинсбери и нагласуваат дека Фјури уште еднаш се покажа како глобална суперѕвезда.
Тајсон Фјури по трет пат го брани појасот на ВБЦ против Дерек Чисора.
„Џипси Кинг“ сака меч на почетокот на следната година против Украинецот Александр Усик, кој неодамна во реваншот го победи Ентони Џошуа и ги одбрани шампионските појаси на ВБА, ВБО и ИБФ во тешка категорија.
Доколку се биде во ред, како што планира Фјури, мечот за апсолутен светски шампион во тешка категорија би можел да се одржи следниот март.