Веќе не е дебел и вон форма: Еве како изгледа боксерот кој урна доминацијата на Кличко

Тајсон Фјури се врати. Британскиот боксер во последниве месеци напорно тренира за да го изгуби вишокот на килограми и да се врати во совршена форма во рингот. Фјури е на половина пат до сканата подготвеност, но изгледа многу подобро отколку порано.

Пред половина година Фјури фановите на социјалните мрежи сподели фотографија на која се гледаше дека сосема се запоставил по победата против славниот Кличко. Но, Британцот одлучи да му стави крај на нездравиот начин на живот.

Денес Фјури изгледа многу подобро, но се уште мора да работи на соето тело и на формата пред неговото официјално враќање.

По големата победа против Кличко во 2015 година, Фјури отиде во погрешна насока кога станува збор за неговата боксерска кариера. Имаше приватни проблеми, се оддаде на пороците, се закануваше дури и дека ќе се самоубие …

Но до целосен распад на неговата кариера не дојде. Фјури ќе боксира на 9 јуни, а противникот сè уште не знае. По неколку подготвителни борби би можеле конечно да видиме меч меѓу актуелниот шампион во тешка категорија Ентони Џошу и повратникот Тајсон Фјури.

https://www.instagram.com/p/BiFDk32DUvd/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON