Ведрум се качи на столче на соочувањето со Волков (ВИДЕО)

Во Лондон се одржа мерењето за УФЦ Фајт најт 127.

Во главната борба на вечерта во тешка категорија Фабрицио Вердум (23-7-1, 11-4 УФЦ) се бори со поранешниот шампион на М-1 и Белатор Александар Волков (29-6, 3-0 УФЦ).

40-годишниот Бразилец е во серија од две победи (Волт Харис, Марчин Тибура) и 11 години помладиот Русин е во низа од пет победи, од кои последните три се постигнати во УФЦ (Атила Вег, Денис Смолдарев, Тимотеј Џонсон, Рој Нелсон, Стефан Струве).

Вердум тежи малку помалку од 113 килограми, додека Волков е на 111.6.

Иако според официјалните податоци 193 сантиметри високиот Бразилец 8 сантиметри е понизок од Русинот, се чини дека вистинската разлика ме нешто повисока и Вердум тоа го нагласи качувајќи се на стол за време на соочувањето.

Победникот на овој меч лесно може да стане следниот предизвикувач за титулата во тешка категорија.

Во коглавниот настан Полјакот Јан Балчович бара одмазда за поразот на Џими Манува во Краков 2015 година.

УФЦ Фајт најт 127:
Фабрицио Вердум (112.9) – Александар Волков (111,6)
Јан Блахович (93) – Џими Манува (93)
Том Дуксној (61.2) – Терион Варе (61,6)
Леон Едвардс (77.1) – Петар Собота (77,6)
Чарлс Бирд (83.5) – Џон Филипс (84)
Оливер Енкамп (77,6) – Дени Робертс (77.1)
Хаким Даводу (65,8) – Дени Хенри (66.2)
Магомед Анкалаев (93) – Пол Крег (92,6)
Кајан Џонсон (70,3) – Стиви Реј (70.8)
Марк Годбер (108) – Дмитри Сосновски (108)
Насрат Хакпараст (70.3) – Над Наримани (70.3)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON