Вечерва Нуров против Садулаев на Москова Гранд при

Денеска, 3 декември, Русија ќе биде домаќин на Москова Гранд при – во борење Куп АЛРОСА. Во дербито, челниците на руските репрезентации ќе водат тешка битка со истакнати странски противници.

Ден претходно имаше мерење и соочување.

Двајца олимписки шампиони и четворица медалисти од Токио 2020 година, четворица актуелни светски шампиони, ќе влезат во битката за Големата награда на Москва.

На мерењето лице в лице застанаа:

Роман Власов (Русија) – Виктор Немеш (Србија)

Абдулрашид Садулаев (Русија) – Магомедгаџи Нуров (Македонија)

Сергеј Козирев (Русија) – Лагвагерел Мунхтур (Монголија)

Сергеј Емелин (Русија) – Виктор Чобану (Молдавија)

Заурбек Сидаков (Русија) – Магомедабиб Хадимагомедов (Белорусија)

Сергеј Семенов (Русија) – Зураби Гедехаури (Русија)

Канум Велиева (Русија) – Мерим Жумназарова (Киргистан)

Граплинг

Ислам Бочкаев (Русија) – Заур Ахмедов (Русија)

Гаирбег Ибрагимов (Русија) – Алил Газиев (Русија)

Натпреварувачката програма вклучува девет натпревари: три борби во слободен стил, три во грчко-римски стил, еден женски меч и два граплинг борби со светските ѕвезди.

„Турнирот отсекогаш бил обележан со тоа што бараше нови формати за натпревари. И во формата во која што постои денес, одговара на барањето на младите и љубителите на борењето и се надеваме дека многу ќе им се допадне на сите“, изјави Омар Муртузалиев, прв потпретседател на Руската боречка федерација, одговорен за женско борење.

Натпреварите ќе започнат во 21:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON