Светскиот боксерски совет (WBC) наметна ретка казна на своите судии по мечот меѓу Маријана Хуарес и Лорена Таборда. Првично, борбата и припадна на популарната Хуарес со 2-1, по судиското гласање. По приговорот, ВБЦ собра дваесет од сертифицираните судии што ги има, кои го прегледаа видео материјал од средбата. Тие дошле до консензуално решение и прогласиле победа со резултат од 97-93, но овој пат во корист на Таборда.
Резултатот од мечот бил поништен, а двајца од судиите – Ерминио Куевас и Абрахам Ибар се казнети со по два месеци несудење. Тие ќе треба да поминат низ дополнителна подготовка и испит пред да си ги повртат лиценците. Казната се однесува и на супервазорот на галавечерта, Луис Медина.