ВБЦ нареди меч за привремен првак во тешка категорија меѓу Вајт и Бризил

ВБЦ нареди привремен меч за шампион во тешка категорија помеѓу Доминик Бризил (20-1, 18 KO) и Дилиен Вајт (25-1, 18 KO).

33-годишниот Американец Бризил е задолжителен предизвикувач од ноември 2017 година, но сé уште не дошол  до меч Дионтеј Вајлдер кој повторно ќе се бори со Тајсон Фјури.

Наместо тоа ќе бори за привремената титула со 30-годишниот Јамајканец кој е сребрен шампион на ВБЦ.

Победникот би требало да се бори против победникот од реваншот меѓу Вајлдер и Фјури.

Крајниот рок за преговори е 19 март. Ако не се постигне договор до тој датум ќе се оди на наддавање во седиштето на Светскиот боксерски совет во Мексико Сити.

И Бризил и Вајт единствениот пораз во кариерата го доживеале од Ентони Џошуа.

Британецот го нокаутира Вајт во 7-та рунда во декември 2015 година, а Бризил исто така во 7-та рунда во првата одбрана на титулата светски шампион во јуни 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON