ВБЦ му ја одзеде титулата светски првак на Мигуел Кото на четири дена пред борбата со Канело

migue lcotto so rik shulz

Само четири дена пред големиот меч меѓу Мигуел Кото и Саул Алварез, ВБЦ одлучи на Кото да му го одземе појасот за светски шампион во средна категорија.

Борбата во Лас Вегас на 21 ноември е договорено во catchweight на 70,3 килограми, но, и покрај тоа, Порториканецот нема да ја брани титулата/појасот светски шампион и понатму во игра е Канело и ако победи на Светскиот боксерски совет ќе му ја признае титулата.

ВБЦ посебно не ги наведе причините поради кои се одлучи на овој чекор, но можеме да претпоставиме дека ова може да има врска со победникот во следната борба, кој ќе мора да се бори со Генадиј Головкин.

Организација со седиште во Мексико објави дека на шампионот му ја одзема титулата поради неприфаќање правилата и прописите.

“По неколку неделна комуникација и безброј обиди за продолжување на роковите со најдобра намера со цел да се зачува борбата како меч за светски правк на ВБЦ, Мигуел Кото и неговата промоција не се согласија со прифаќањето на правилата и прописите на ВБЦ. Во согласност со тоа, ВБЦ мора да одлучи за ова прашање пред борбата“, се вели во соопштението потпишано од претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман.

„Затоа ВБЦ објавува дека повеќе не го признава Мигуел Кото како светски шампион. Одлуката стапува во сила веднаш. Ако Саул „Канело“ Алварез ја добие борбата против Кото ќе биде признаен како ВБЦ светски шампион во средна категорија“.

ВБЦ му дозволи на Кото доброволна одбрана на титулата против Мексиканецот и Даниел Гелеа пред него, иако Головкин задолжителен предизвикувач. Казахстанецот во меѓувреме се бореше и ја освои титулата на ИБФ против Дејвид Лемио. За ​​борба со Канело ВБЦ постави услов дека победникот мора да се бори со ГГГ.

„Одлуката на ВБЦ се базира на фактот дека Мигел Кото и неговиот табор не сакаат да ги прифатат правилата и прописите на надлежното тело и условите што ги постави за да ја одобра борбата. Едноставно кажано: Не сакаат да ги почитуваат истите правила кои важеа кога Кото ја освои титулата. ВБЦ му посакува среќа на Мигуел Кото и жали што морало да дојде до ваква одлука“.

„ВБЦ непрофитното управно тело е основана пред 53 години. ВБЦ се гордее со својата чест и нема да учествуваат во злоупотреба на моќта и алчноста која го зафати нашиот свет на боксот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON