ВБЦ и се закани на своите боксери со двегодишна забрана за борби во која и да е зона на Организацијата, ако земеат учество на Олимпијадата во Рио. Меѓународната организација е цврсто против тоа професионалните боксери да се натпреваруваат за медал на Игрите во Бразил. Причината е опасноста од сериозни повреди кои можат да се добијат, но до профитот.
„Да спротиствиш аматер и профеисоналец е како да се сретнат маратонец и спринтер на 100 метри. И двајцата се тркачи, но се натпреваруваат во различен спорт и дисциплина. Во кошарката, тенисот или фудбалот има слично ривалство. Разликата со боксот е дека кај нас нема голови, кошеви или поени. Боксот не е игра. Тоа е боречка вештина и ако нивото на ривалство не е подеднакво, може да биде многу опасно“, се вели во дел од материјалот објавен на страницата на ВБЦ.
Организацијата му се заканува на секој боксер, кој е носител на нејзин појас или е во ранг листата на Топ 15 за одредена категорија, со две години прекин на право за учество 6 турнири и галавечер под нејзина капа.