ВБЦ: Ако нема реванш со Канело, Головкин мора да се бори со Шарло

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман, се обидува да го наговори Генадиј Головкин да го прифати реваншот со Канело.

Двете страни беа во преговори за нова борба на 15 септември, но дојде до прекин бидејќи Казахстанецот е незадоволен од поделбата на парите.

Мексиканската страна не се откажува од поделбата 65-35, додека ГГГ и неговиот тим инсистираат на 50-50.

Голден бој промоушнс не сака да попушти, бидејќи, според нив, Головкин ги прифатил овие услови за борбата закажана за 5 мај, пред падот на Канело на допинг тестот.

Головкин кој е шампион на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО во средна категорија смета дека токму поради падот на Алварез на допинг тестот треба припадне поголемиот дел дел.

Сулејман не го поддржува неговиот став.

„Головки бара промена на веќе договорените услови за борбата во мај. Не знам кој износ се работи, но ми се чини дека жртвува долари за неколку центи. Ако му е во интерес да покаже дека е најдобар, а сè е веќе се подготвено, би го советувал да влезе во рингот на 15 септември“.

Ако не дојде до реваншот, Головкин треба да се бори против задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Сергеј Деревјаченко.

Но, ВБЦе убеден дека нивниот прретендент Џермол Шарло треба да биде следниот. 28-годишниот тексашанец е привремен шампион, а задолжителен стана со победата против против Себастијан Хајланд во јули 2017 година.

„Головкин на има нашата целосна поддршка, но ако не ја договори оваа борба ќе мора да се бои со Шарло. Затоа го советувам да го направи она што е во негов најдобар интерес. Толку многу и толку години жртвуваше и сега сето тоа го ризикува. Ќе ми биде чудно да не дојде до реванш со Канело“.

Луѓето кои ја водат кариерата на Алварез веќе започнаа разговори со потенцијалните противници, а еден од нив е шампионот на ВБО во средна категорија Били Џо Сандерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON