ВБЦ се согласи Џошуа да се сретне со победникот од Усик – Фјури

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, објави дека неговата организација го одобрила Џошуа како следен кандидат за појасот.

„Ако во договорите на Усик и Фјури нема ништо што би го спречило тоа, тогаш со задоволство би прифатиле борба меѓу победникот и Џошуа. Така функционира светот. Сите те судат според последното појавување. AJ е сила на која треба да се смета. Сега велат дека е најдобар во светот, но пред само една година рекоа дека неговата кариера е завршена“, изјави Сулејман за Скај спорт.

Ентони Џошуа е двократен освојувач на светските титули на ИБФ, ВБА и ВБО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON